Денеска од 13 часот, во меч од 22 коло коло во ПМФЛ, Работнички на Арената „Тодор Проески“ ја дочекува Академија Пандев, која во Скопје доаѓа со новиот стратег Александар Таневски.

„Романтичарите“ имаа добар старт во пролетниот дел, и посакуваат тој тренд да продолжи. Откако беа елиминирани од Шкендија во купот, сега тие ќе стават се на една карта, а тоа е обезбедување на опстанокот во Лигата.

Да кажеме и тоа дека тие денеска ќе се обидат и да „скршат“ еден малер, а тоа е дека речиси 1,5 години или пет натпревари во серија, тие немаат триумф над „пандевци“. Последен пат триумфирале и тоа со 1:0, на 1 септември 2018 година. Воопшто традицијата вели дека А. Пандев има многу подобар скор. На 10 средби струмичани имаат пет победи, а Работнички само две, три меча завршиле без победник.

Таневски дебито на клупата на А. Пандев ќе го има денеска. Тој имаше можност, по назначувањето на местото на Југослав Тренчовски, да одработи само два тренинга. Ќе видиме дали тоа е доволно за добар резултат. 

Останатите мечеви од ова 22 коло се играат утре.