Ратко Достаниќ го препороди Работнички. Попладнево на Арената иако ослабен без неколку клучни играчи, тимот од Градски парк успеа да слави нова победа, трета оваа пролет во четвртиот натпревар. Освоени се 10 бодови од можните 12, и сега опстанокот е блиску. Само ако вака продолжат „романтичарите“.

Академија Пандев и натаму е во црна серија, не помогна ни новиот стратег Александар Таневски.