Поранешните лидерки на ВТА ранг листата, Симона Халеп и Анжелик Кербер се откажаа од настап на турнирот во Индијан Велс, кој почнува идната недела.

Романката и Германката имаат повреди кои ги спречуваат целосно да се вратат на терените, па нескајќи да ризикуваат, решија да се повлечат од настап на еден од најстрактивните Мастерс турнири во сезоната.

Халеп, која се најде на второ место на ВТА листата на својот Твитер профил напиша дека е многу разочарана од нејзината одлука да се повлече, но повредата на ногата не и дозволува да игра. Романката е освојувачка на овој турнир во 2015 година.

Во меѓувреме, 32-годишната Кербер продолжува да се мачи со повредата на левата ногата и ќе откаже настап на најмалку уште еден турнир.