Крилниот фудбалер на Монако Желсон Мартинс е суспендиран на шест месеци поради туркање на судијата Микел Лесаж на првенствениот меч со Ним минатиот месец. 24-годишниот играч му се „фрли“ на судијата откако соиграчот Бакајоко беше исклучен и два пати го турна судијата пред да добие црвен картон.

Португалскиот репрезентативец денеска доби жестока казна што значи дека може да го пропушти и Европското првенство 2020 затоа што нема да игра натпревари до јули поради што нема да може да ја одржи формата на високо ниво, она што е потребно за континенталното натпреварување.

Ова е една од најстрогите казни во фудбалот. Во 1998 година Паоло ди Кани доби 11 меча суспензија и парична казна од 10.000 фунти поради туркање на судијата Пол Алкок на мечот меѓу Шефилд Венздеј и Арсенал.