ФК Тиквеш со реакција за натпреварот во Пехчево против Кит Го и неколкуте, според нив, сомнителни одлуки.

„Разочарани од денешните случувања на градскиот стадион во Пехчево, чуствуваме потреба да се обратиме на цела фудбалска и спортска јавност за ‘ скандалозните’ потези на судиската тројка од Скопје.

Главниот арбитар Младеновски кој од претходно е познат на фудбалска јавност по суспензија на 2 години поради сомнителни моменти од младинска лига, денеска го оштети директно нашиот клуб со една пристрасна одлука ( иако спротивно од тоа што му сигнализираше помошникот) при што влијаеше на директниот исход на конечниот резултат.

Нашата екипа во текот на целиот натпревар имаше доминантна улога и со безброј шанси беше далеку подобар противник од домашната екипа на Кит Го.

Би сакале да ја запрашаме Фудбалската Федерација на Македонија исто и судиската организација дали со вакви ‘ докажани ‘ кадри како Младеновски ќе вршиме однапред нарачани одлуки кои директно влијаат на конечната табела во 2ПМФЛ -Исток?

Дали веќе од претходно се резервирани местата за повисок ранг?
Дали е можно во една држава како нашата во исти ранг на натпреварување има исти сопственик кој креира резултати кои одат во негов прилог?
Дали со вакви унапред режирани сценарија вршиме унапредување на фудбалот, и поради вакви ситуации имаме се помалку гледачи на стадионите.

Бараме одговорност од инволвираните лица за денешната лакардија во Пехчево и бараме да се преиспита регуларноста на оваа сезона, која уште не почната имаше свои математики за конечниот епилог.

И за крај би сакале да ве информираме дека Тиквеш нема да се предаде и покрај овие матни игри во режија на неколку самобендосани ‘ спортски работници’ “, се вели во соопштението на ФК Тиквеш.