Ракометарите на Вардар се враќаат со минимална победа од гостувањето во Нашице. По мечот, првиот човек на клупата на европскиот шампион, Стевче Алушовски, вели дека победата не значи и пласман на Ф4 во Задар, затоа што има и реванш во Скопје.

„Ова беше само првото полувреме од овој натпревар. Не би било незаслужено доколку и Нексе успееше да победи на крајот, но овој пат ние бевме малку посреќни. Вториот натпревар нè чека за една недела, и можам да ве уверувам дека ќе бидеме подготвени да испорачаме уште еден силен настап и да стигнеме до Ф4 турнирот“, вели Алушовски.

Иван Чупиќ, еден од најискусните во составот на Вардар, по средбата изјави:

„Имавме многу проблеми во текот на целиот натпревар, но на крајот успеавме да излеземе како победници, откако искористивме некои грешки што домаќините ги направија денес. Натпреварот беше напнат и тесен до самиот крај. Конечно, денес бевме малку посреќни“.