Во последниот меч од 16. Коло во Втората лига – запад, кој се одигра попладнево во Гостивар, истоимениот тим со 2:1 ја победи екипата на Лабуништа. Домашните многу рано, уште во 15.минута успеа да поведе со голот на Дервиши. Две минути подоцна Лескароски израмни, но во 32.минута Менга го постигна победничиот гол. Со овој пораз екипата на Лабуништа и тоа како ги намали шанса во битката за врвот во Втората лига – запад.