Шампионката од Австралија опен 2020, Софија Кенин продолжува со одличната форма сезонава. 21-годишната Американка денеска го освои турнирот во Лион со победата над Германката Ана-Лена Фридсам со 2-1 по сетови 6:2, 4:6, 6:4. Светската тенисерка број 5 е првата победничка на новиот тениски турнир.

Инаку Кенин има вкупно пет трофеја во кариерата, три ги освои минатата година (Оукленд, Мајорка и Гвангжу).