Во дербито на колото во Втората лига – запад, Гостивар со 2:1 славеше над Лабуништа. Сепак најмногу се говори за 12.минута и маестралниот потег на Енис Дервиши кој од слободен удар од лево, постигна ретко виден гол на нашите фудбалски терени. Нема што, мајсторија на Дервиши за 1:0. Тука почна да се „гради“ триумфот на Гостивар против Лабуништа.