Вардар со победа се враќа од гостувањето кај Нексе во рамките на првата четвртфинална пресметка во СЕХА-лига за пласман на фајнл-фор завршницата. Македонскиот тим покажа цврст карактер, желба да докаже дека и покрај промените и проблеми нема така лесна да се предадат.

Иако времето во кое доминираа беше кратко, сепак кога беше потребно, се издигнаа, предводени од феноменалниот Тимур Дибиров и неговите 12 гола од исто толку обиди, и одбраната на Борко Ристовски во последните секунди им донесе триумф од 31-30.

Реваншот е на 15-март во Скопје, познавајќи ги вистинските љубители на „црвено-црните“, македонскиот тим нема да има проблем да дојде до последната фаза во одбраната на една од трите титули оваа сезона.

А фотографијата која доаѓа од Нашице од капитенот, Стојанче Стоилов доволно говори, неговата гримаса вели: Се ќе биде ОКЕЈ.