По победата во Нашице, свој коментар за мечот со Нексе во четврфиналето на СЕХА Гаспром лигата,д аде и повратникот во „црвено-црниот“ дрес, Борско Ристовски.

„Го исполнивме она што го зацртавме, што се однесува до нашата игра не можеме да бидеме задоволни, мора да поправиме многу, пред се во одбраната, мора да биде подобра за реваншот во Скопје. Се надевам дека и нашата сала ќе биде полна за реваншот и ќе го ззвериме пласманот на фајнл-форот. Вардар ја има најдобрата публика во светот, го даваат тој ветар во грб кој е важен за секој играч. И покрај проблемите овие момци кога ќе излезат на терен даваат се од себе, треба да им се симне капа. Се надевам дека се ќе помине, верувам во подобра иднина на Вардар“, вели Борко.