Во спектакуларна вечер, Бока Јуниорс ја совлада Гимназија со 1-0 и постана првак на Аргетина. Карлос Тевез во 73. минута го постигна голот за победа.
Пред стартот на мечот тој го бакна Марадона, оваа фотографија за кратко време се прошири низ социјалните мрежи.
„Знаев дека морам да го бакнам Диего и дека ќе ми донесе среќа. Некогаш среќата мора сами да ја побарате“, изјави Тевез по 34. титулата на Бока.
Ривер Плата одигра 1-1 на гости кај Атлетико Т. и на тој начин Ривер стана шампион.
Тевез регуларниот дел од сезоната го заврши со девет гола во 17 одиграни натпревари, неговиот договор истекува на лето.