Со мака, но сепак Ливерпул го победи Борнмут со 2:1. Мохамед Салах одново беше во преден план, тој израмни на 1:1, тоа беше негов 70-ти гол во 100-тиот меч за Ливерпул во Премиер лигата.

Но, секогаш тука има едно но, кога станува збор за Ливерпул и неговуте фанови. Се чини дека Египќанецот никако не може да дојде до срцата на фановите. Тие секогаш како да го одбегнуваат, како да не им е нешто по волја.

За нив Фирмињо и Ван Дајк се божества, а Салах а само таму некој кој дава голови и ништо повеќе. Навистина чудно, тоа го признаваат и медиумите. А тој Салах има подобар скор и од Торес (63 голови на 100 меча), од Фаулер и Суарез (62), Овен (54).