Шансите за да ја видиме Македонија на ново-големо натпреварување од пред нецел час станаа минимални, од сонот брзо не разбуди Франција. Против оваа селекција нашите момци ќе бараат виза за Египет следната година.

Колку и да сакаме да бидеме храбри, сепак јасно е како ден, дека за Франција нема да ни биде потребна само среќа, туку и чудо.

„Немавме среќа. Против овој противник шансите се најмали за пласман на СП. И тие се во фаза на подмладување, ќе го сочекаме април да го видиме нивниот состав. Тогаш играат Олимписки квалификации, нов селектор, можеби ќе ја смени нивната игра, па ќе можеме повеќе да зборуваме и за нив, иако јасно е дека се тие големи фаворити“, вели селекторот Брестовац.

Предводникот на нашиот национален тим вели дека ќе продолжи процесот на подмладување.

„Ние сега продолжуваме со зацртаниот план за подмладување на репрезентацијата. Се надевам дека за ЕП 2022 ќе имаме полесна ждрепка, ќе се пласираме на тоа ЕП и тоа ќе биде местото каде што процесот на подмладување ќе треба да даде и резултат и враќање во првиот шешир за СП“.