Колку и да сакаат да бидат скромни, Франција веќе се гледа во Египет. Веруваме дека нашите момци нема да се предадат, но силите на теренот се тие…Можеби имаа лош настап на ЕП, но нема да дозволат уште едно фијаско, против Македонија ќе го бараат пласманот на СП 2021.

Новиот предводник на Франција, Гијом Жил вели дека добро ја познаваат Македонија, секако главен синоним е Кирил Лазаров.

„Македонија е нација која е навикната да игра на големите натпреварувања и која веќе ги има покажано квалитет. Ги знаеме карактеристиките на нивната игра, играат „7 на 6“, тука се и Македонците кои играле во Франција, особено ја знаеме легендата Кирил Лазаров.

Ретко играме квалификации, се играат два меча. Првиот го играме во Македонија, каде што секогаш е деликатно. Како и да заврши оваа средба, победникот ќе биде решен по 120 минути игра и тој меч ќе биде хајлајт на целата сезона. Убаво е што уште од сега го знаеме противникот за овој двомеч“, изјави Гијом Жил.