Македонската ракометна репрезентација немаше среќа, за противник во бараж мечот за пласман на Светското првенство 2021 година ќе игра против Франција.

По слабиот настап на последното Европско првенство, нашата репрезентација по долго време се најде во вториот шешир пред една ждрепка, кој носи потешки противници. Посакувавме да ја добиеме Чешка, но среќата не беше на наша страна, ќе играме против Никола Карабатиќ и сите оние ѕвезди кои го носат дресот на Франција.

Баражите ќе се играат на 5-7 јуни, односно 12-13 јуни се реванш натпреварите.

ОСТАНАТИ ДВОЈКИ

Швајцарија – Исланд

Израел/Летонија – Португалија

Чешка – Црна Гора

Шведска – Турција/Русија

Словенија – Србија

Романија/БиХ – Унгарија

Украина – Германија

Полска/Литванија – Белорусија

Австрија – Холандија

Место на Мундијалот на кој ќе учествуваат 32 земји, веќе обезбедија, Египет, Данска, Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахрерин, Јапонија, Катар, Јужа Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Светското првенство ќе се игра од 14 до 31 јануари следната година и тоа во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор.