Македонската ракометна репрезентација немаше среќа во ждрепката за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Египет. Селекторот, Данило Брестовац и неговите момци за противник ја добија Франција, противник кој тешко можеме да го добиеме.

Оваа репрезентација составена од бројни познати ѕвезди ќе дојде во Скопје во периодот од 5-7 јуни за кога се закажни првите мечеви, реваншот го играме на 12-13 јуни.