Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 часот) ќе го добие противникот за бараж мечот за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Египет.

По лошиот настап на евро-шампионатот, нашите момци се најдоа во втроиот шешир, па патот кон Мундијалот ќе биде далеку потежок особено ако се земе во предвид дека можни противници на Македонија можат да бидат: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција.

Покрај нашата селекција во вториот шешир се најдоа Швајцарија, Холандија, Србија, Црна Гора, Украина, Турција/Русија, Романија/Босна, Полска/Литванија, Израел/Летонија.

Ждрепката ќе се одржи во Виена, а место на СП 2021 веќе обезбедија, Египет, Данска, Хрватска, Норвешка, Шпанија, Алжир, Ангола, Капе Верде, Конго, Мароко, Тунис, Бахрерин, Јапонија, Катар, Јужа Кореја, Аргентина, Бразил и Уругвај.

Мундијалот ќе се игра од 14 до 31 јануари и тоа во пет градови: Каиро, Шарм Ел Шеик, Хургада, Суез и Луксор.