Одредени се судиите за 23. коло во ПМФЛ, коло кое се игра во среда на 9 март. Димитар Мечкаровски ќе биде главен судија на мечот меѓу Шкупи – Силекс, додека Васко Мавров ќе го води мечот меѓу Шкендија и Работнички. Крумислав Ѓорѓиев ќе биде на центарот на Арената во Скопје каде Вардар ја дочекува Струга ТЛ. Марјан Ецкоски ќе им суди на А. Пандев и Ренова а Александар Грујоски ќе суди на дуелот меѓу Македонија ЃП и Борец.

ДВОЈКИ И СУДИИ

ШКУПИ – СИЛЕКС – (Д. Мечкаровски – Скопје)

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ (К. Ѓорѓиев – Штип)

А. ПАНДЕВ – РЕНОВА (М. Ецкоски – Охрид)

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (В. Мавров – Струмица)

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (А. Грујоски – Кичево)