Шкендија вчера се чини ја доживеа најголемата бламажа на домашна сцена од времето кога Лазим Дестани е спонзор на клубот. Да се загуби од Борец со 1:4, навистина е несфатливо. Секоја чест за велешани, но на овој меч шампионот беше тој што требаше да се прашува. Сите играчи на Шкендија како да беа во шок, просто не веруваат што им се случува. Одтаму оваа фотографија најдобри го отсликува се она што се случуваше на теренот во Велес. Додека фудбалерите на Борец се радуваат на еден од четирите голови, Агим и Бесарт Ибрами, најголемите ѕвезди во Шкендија а и во нашата Прва лига како да се прашуваа – па зарем ова е можно?