На владина седница беа прифатени новите мерки Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче.

Во следните 30 дена сите натпревари, без разлика дали се меѓународни или домашни ќе се играат без присуство на публика. Ова значи Македонија и Косово ќе играат пред празни трибини, меч за пласман на ЕП. Тука е дуелот на Вардар против Нексе на 15. овој месец, дуел од СЕХА-лига, и една недела подоцна првата пресметка против Пиг Сегед во Лигата на шампионите.

„Се забрануваат масовни собири на отворен и затворен простор, се препорачува да се откажат настаните. Се забранува публика на спортските настани во следните 30 дена“.