Во пресрет на утрешното 23. коло во ПМФЛ, врвот на табелата изгледа вака: Прв е Вардар со 43 бодови, втори се Шкендија и Силекс со по 35 бодови. Во јавноста постојано се говори за тоа како шампионот, тимот на Шкендија може да го загрози првото место на Вардар, да му ја „украде“ титулата, Никој не го „ферма“ Силекс, кратовци без причина се потценети. Јасно е дека бламажата на Шкендија во Велес ќе остави и  тоа како трага кај тетовци, но затоа Силекс си гази и си гази. Кратовци се во страшна серија, тие не знаат за пораз од 23 октомври, или на единаесет мечеви по ред. И затоа се таму каде што се, заедно со Шкендија на делба на тоа второ место. И затоа секоја чест за момците на тренерот Горан Симов, кои со буџет десетпати помал од оној на Шкендија, ги постигнуваат истите резултати како шампионот. Некој во редовите на Шкендија секако дека треба да се засрами на овој податок.

Затоа прашуваме дали сега Силекс, а не Шкендија, е главниот ривал на Вардар во битката за тронот. Или во најмала рака дали и Силекс се приклучува во битката за титулата заедно со „гигантите“ Вардар и Шкендија.

Утре Силекс гостува кај Шкупи, потоа игра дома со Борец а потоа на 18 март, во рамките на 25. коло му доаѓа на Вардар на Арената. Дали тоа ќе биде едно од најважните дерби средби во битката за титулата?

Можеби, кога станува збор за непобедливиот Силекс секако дека се е можно.