Македонската ракометна репрезентација против Франција ќе брка место на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Египет. Лошиот настап на последниот евро-шампионат не стави во вториот шешир и ни го отежна патот кон Мундијалот.

Нема сосмнение дека Франција е апсолутен фаворит, но тоа пак не значи дека нема да видиме борба на теренот. Репрезентативниот голман, Николче Митревски ја прифаќа „аутсадерската“ улога, но ветува максимално залагање против фаворитот.

„Го добивме најтешкиот противник во квалификацискиот двомеч за место нс СП“, беше првиот коментар на Митревски за СПОРТМЕДИА.

„Но ова не значи дека ќе влеземе со бело знаме, останува да го дадеме својот максимум, да изгинеме на терен за секоја топка за да ги направиме нашите навивачи задоволни без разлика на конечниот исход“.

Првиот дуел се игра во Скопје во периодот од 5-7 јуни, реваншот го играме на 12-13 јуни.