По трките за Големата награда на Катар и Тајланд, одложена е и трката за ГН на Америка во Мото ГП шампионатот. Трката на патеката во Остин беше закажана од 3-5 април, но истата ќе биде презакажана кон крајот на годината.

„ФИМ, ИРТА и Дорна спорт со жалење го најавуваат одложувањето на Гран при на Америка. Поради епидемијата на коронавирус, настанот е одложен за подоцна во сезоната и ќе се одржи од 13 до 15 ноември годинава”, се вели во соопштението.

Трката за Големата награда на Тајланд, закажана да се одржи на 22 март, е презакажана за 4 октомври. Како што стојат работите сега, сезоната во кралската класа ќе започне на 19 април, кога на програмата е трката за ГН на Аргентина.