Нема дилеми, новонастаната ситуација со коронавирусот направи вистински хаос во нашата земја, допрва ќе се превземат поголеми мерки за превенција од ширење на истиот.

Новите мерки кои ги донесе Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче, кој пак ќе ги достави до Владата, која ќе одлучува на денешната седница не му одат во прилог на Вардар.

Дефинитивно македонскиот првак ќе игра пред празни трибини, особено ако се земе во предвид дека се бара затворање на градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена.

Македонскиот тим го пречекува Нексе на 15. овој месец, седум дена подоцна е домаќин на Пик Сегед во ЛШ, доколку ситуацијата не се подобри, одново ќе мора да игра пред празни трибини.