Владата на Македонија денеска треба да донесе нови мерки за заштита на населението и превенција за ширење на коронавирусот во нашата земја.

Министерот за здравство, Венко Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење на состојбата, на истиот ќе се дискутира за евентуални нови мерки кои ќе ги достават како предлог до Владата.

На седница која ќе се одржи денеска ќе донесена одлука дали ќе се спроведат истите. Добро е познато дека спортските настани во нашата земја се играат пред празни трибини.

Најголема загриженост е за дуелот меѓу Вардар и Нексе, кој се игра на 15-ти овој месец. Станува збор за меч од меѓународен карактер, но и дуел по кој ќе биде одлучен патникот за фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига во која Вардар е бранител на титулата.

Одлуката да се игра пред празни трибини ќе биде голем удар за македонскиот тим, но и за спортот.