Вардар ја победи Струга Трим Лум со 1:0, и дочека супер вести од Тетово каде Работнички ја победи Шкендија, па сега има +11 бодови разлика пред „грогираниот“ шампион. Се чини дека е готова работата, посебно откако тетовци се во страшна криза, а Вардар и кога не игра добро знае да победува. Попладнево Новак со еден потег му донесе три бода на својот тим, и нема што, Вардар може полека но сигурно да го лади шампањското.