Словенечкиот репрезентативец Јосип Иличиќ е фудбалерот кој го одбележа првиот ден од реванш натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој реализираше четири гола во победата на Аталанта над Валенсија со 4:3 на „Местаља“ со што е потврден пласманот во четвртфиналето, за првпат во историјата на клубот.

Се забавуваме на теренот и тоа нѐ води напред. После мечот во Милано (Аталанта првиот дуел со Валенсија го доби со 4:1) реков дека не сме повеќе изненадување и дека сакаме да продолжиме да правиме големи работи. Сакаме да покажеме дека од ден на ден созреваме и дека заслужено сме во  Лигата на шампионите, во случајов во четвртфиналето. Најважната работа е што излегуваме на теренот и се забавуваме. Играме без страв и со голема самодоверба. Не ни е важно кој е на спротивната страна“, изјави Иличиќ.

Искрено, ниту се подготвувам ниту мислам на тоа кој ќе ме чува. Само гледам каде има празен простор и таму трчам. Не ги анализирам противничките дефанзивци. Мислам само на себе и на својата игра“, додаде Словенецот.