Актуелниот тренер на европскиот шампион ЦСКА Москва, Димитрис Итудис, преговара со Словенечката кошаркарска федерација за преземање на селекторското место во репрезентацијата, пред стартот на олимписките квалификации. Веста ја објавија повеќе медиуми во Словенија.

Итудис има договор со рускиот тим до јуни 2021 година, така што, на тренерот ќе му треба дозвола од клубот да го склучи договорот со словенечката репрезентација.

Предолимпискиот турнир во Каунас, Литванија ќе се одржи на 23-28 јуни и Словенија ќе игра во групата „Б“ против Полска и Ангола. Во групата „А“ играат Литванија, Јужна Кореја и Венецуела.