И Унгарците попуштија пред налетот на корона вирусот кој ја парализира пола Европа. Шампионот Веспрем веќе објави дека натпреварот против Војводина на 14 март од СЕХА лигата и на 29 март против Висла Плоцк од Лигата на шампионите ќе игра без присуство на публика.

А вицепрвакот ПИК Сегед денешната средба со Ференцварош ќе ја игра со публика, а истите мерки ќе ги примени и за следниот меч против Орошази ќе бидат одиграни без гледачи. Веројатно и натпреварот со Вардар во ЛШ кој треба да се игра на 28 март ќе се игра без навивачи.

Истите мерки ги примени и Ѓер кој ги затвори вратите за навивачите за претстојните натпревари.

Владата издаде мерки за заштита од опасниот вирус на неопределено време и забранија повеќе од 100 луѓе на спортски натпревари.