Јирген Клоп одржа лекција за корона вирусот на прес конференцијата пред мечот со Атлетико Мадрид и неговиот говор стана хит. Германецот сериозно ги сфати предупредувањата на светската здравствена организација, па вечерва на излегување од тунелот неколку навивачи му пружија рака, а тој ги изгуби нервите.

„Тргнете ги рацете, ебени идиоти“, опцу Клоп и тргна накај теренот, а таму го сретна тренерот на противничкиот тим Диего Симеоне со кого се лактуваше (се поздрави со лакт).