Денеска во рамките на 23.коло во ПМФЛ, дербито се игра во Тетово каде што Шкендија го дочекува Работнички. И на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, и секако дека ќе биде жестоко, посебно ако се знае каква бламажа доживеа шампионот во саботата во Велес, кога загуби со неверојатни 4:2 од Борец. Се разбира дека Шкендија е „грогирана“, тој пораз остави длабоки траги, а голем проблем за тренерот Ернест Ѓока е тоа што тој нема да смета на својот клучен играч Арменд Алими.

Работнички осоколен по одличнниот пролет старт, нема пораз во изминатите четири кола, три победи и едно реми со Вардар, има реми и со Шкендија во купот кога со 2:2 беше елиминиран во 1/4 финалето.

Инаку не е тајна дека Работнички во последните 5-6 години многу тешко излегува на крај со тетовските „црвено – црни“, Нема триумф на последните 15 меѓусебни дуели, последен пат славел со 1:0 на 05.04.2017 година и тоа во Скопје. Билансот на гостувањето под Шара е уште полош, Работнички нема победа цели 5,5 години, од 09.11.2014 година кога тогаш како шампион ја победи Шкендија со 3:1.

Можеби денеска „му е мајката“ за Работнички…