Шпанската фудбалска федерација одлучи да го одложи финалето на Купот, кое требаше да се одигра на 18 април во Севиља. Во завршниот меч до купот на кралот се најдоа Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, но и двата тима ќе мора да почекаат до разврската, поради ширењето на коронавирусот.

Двата баскиски клуба не сакаа да го играат овој меч зад затворени врати. Новиот датум за финалето не е познат, но според шпанскиот печат, една од можните алтернативи би била една недела по завршувањето на Ла Лига, на 30 мај.

Скоро во исто време, стигна информација дека е одложено и финалето на Купот на Франција. Овде финалето првично беше планирано за 4 април. ПСЖ и Ст. Етјен ја чекаа битката за куп-титулата, но засега е неизвесно кога ќе биде одигран мечот.