УЕФА ги одложи натпреварите од осминафиналето на Лига Европа помеѓу Севиља и Рома односно Интер и Хетафе поради корона вирусот. Натпреварите беа доведени под прашалник откако Владата на Шпанија ги забрани сите летови од Италија во намера да го спречи ширењето на КОВИД-19 вирусот на Пиринејскиот полуостров.

Властите во Севиља одбија да и издадат дозола на Рома за влез во Севиља, додека Хетафе одби да патува во Милано на меч со Интер па дури и службено да го загуби тој дуел.

УЕФА на крајот пресече и одлучи да ги одложи двата натпревари, но засега не е познат датумот на нивното одигрување. Аталанта вчера играше во Валенсија, но екипата на Бергамо слета во Шпанија пред да бидат забранети летовите, па мечот се одигра пред празни трибини.