Коронавирисот дефинитивно направи хаос и во спортот, здравјето секако е на прво место. Со оглед на брзото ширење на епидемијата, ЕХФ излезе со алтернативни датуми за завршницата во машката Лига на шампиони, Ф4 во женска конкуренција, како и завршницата во ЕХФ Купот.

Во Келн, битката за титулата може да се игра на 22/23 август доколку ситуацијата не се подобри. Првиот датум е 30/31 мај.

Значи за сите три купови на ЕХФ остануваат првите датуми, но ако нема услови за одигрување ќе се премине кон вторите датуми, а градовите домаќини остануваат исти.