Ракометарите на ППД Загреб се првиот патник на завршниот Ф4 турнир на СЕХА Гаспром лигата. Во реванш мечот од 1/4-финалето против екипата на Татран Прешов, домашните доминираа во својата сала и обезбедија втора победа по онаа на гостински терен минатата недела.

Вечерва ППД Загреб славеше со 28:16 и со тоа само ја потврди доминацијата. Татран Прешов очигледно ги пропуштисвоите шанси на оној домашен меч кога загуби со 4 гола разлика, па малку веројатно беше дека може да направи сензација на гостувањето во Загреб.

Кај домашните одличен меч одиграа Хорват и Божовиќ кои постигнаа по 6 гола. Кај Татран Прешов најдобар стрелец беше Пачеко со 4 гола.