Ракометарите на Пролет ја продолжија победничката серија во вториот дел од сезоната во Суперлигата, откако вечерва беа подобри и од Бутел во мини-дербито на 17. коло. Серијата од 4 последователни победи, Пролет ја продолжи со нов успех, овој пат на гостувањето кај третопласираниот тим во досегашниот дел од сезоната славејќи со 22:19.

Во меч со израмнето прво полувреме во кое гостите одржуваа константна предност, Пролет замина на пауза со 11:10. Во вториот дел иако бутелчани се обидоа да фатат ритам, гостите умешно направија разлика од 2-3 гола разлика која во финишот умешно ја претворија во 12. та победа во сезоната.

Со оваа победа, Пролет успеа да го мине Бутел и да го симне од 3. место на суперлигашката табела.

Во последниот меч од колото денеска, екипата на Струга минимално со 24:23 беше подобра од вториот тим на Металург.