Пари Сен Жермен и се одмазди на Борусија Дортмунд за поразот на првиот меч на „Сигнал Идуна Парк“ од 2:1. Вечерва на празниот „Парк на принцовите“ францускиот шампион го совлада германскиот тим со 2:0 со головите на Нејмар и Бернат во првото полувреме. Бразилецот погоди по корнерот Ди Марија, а пред крајот на првото полувреме Шпанецот Бернат на асистенција на Сарабија ја затресе мрежата на Бурки.

Во второто полувреме парижаните умешно се поставија да го чуваат водството иако знаеја дека ако примат гол ќе се оди во продолженија. Но гостите  немаа свој ден, немаа идеја како сериозно да го загрозат голот на домашниот тим. Само два прецизни удари во 90 минути. Во финишот кога требаше да напаѓаат останаа без Емре Џан поради црвен картон и тоа беше тоа.

„Светците“ се во четвртфиналето после пауза од четири години. Претходните три сезони испаѓаше во осминафиналето.

А Јан Облак е најзаслужен што Атлетико ќе игра продолженија на „Енфилд“. Словенечкиот голман правеше чуда, му одбрани удар на Мане, на Салах, на Трент-Александер, Робертсон ја погоди пречката… Атлетико беше закован пред својот шеснаесетник и не можеше да излезе подалеку од половината на теренот се до 91 минута кога случајно им се укажа шанса од слободен удар. По нафрлената топка Саул Нигез даде гол кој оправдано беше поништен поради офсајд.

Ливерпул победи само со 1:0 (гол на Вајндалдум во првото полуврме) со истиот резултат со кој Атлетико победи на свој терен на првиот меч. Па така во продолженијата, можеби преку пеналите ќе се одлучува патникот во четвртфиналето.