Кошаркарите на МЗТ Скопје А. минимално го совладаа Ловќен во Скопје со 75:74 и успеаја да го потврдат пласманот во втората фаза од АБА 2 лигата. Мечот не одеше по нотите на скопскиот тим затоа што Ловќен имаше и предност и се понадева на изненадување во „Јане Сандански“. Сепак во последната четвртина „штрковите“ се стабилизираа и направија пресврт. Се измачија но ја остварија целта. Победа па макар и со еден поен разлика.