Дефанзивецот на Барселона, Французинот Умтити, нема само проблеми на теренот, туку и вон него. Не настапи на мечот против Реал Сосиедад, тренира под посебен режим, а настрана од тоа има проблем од приватен карактер.

 

Станот каде што досега живеел поради негрижа и несовесност го оштетил поприлично, па сосптвеникот од Французинот барал одштета од цели 180. 000 евра. Сепак, направена е проценка па Умтити ќе мора да надокнади „само“ 32.000 од штетата која е направена при една од многуте забави кој биле приредени таму.

 

Умтити во моментов заработува 210.000 евра неделно, па нормално дека подмирувањето на оваа сума нема да му претставува проблем, но е уште еден доказ за начинот на кој денешните фудбалери се однесуваат, а не би смееле секако.