И дефинитивно мечот во Лигата на Европа меѓу Интер и Хетафе, закажан за утре нема да се игра. Претседателот на шпанскиот клуб потврди дека Хетафе нема намера да патува во средиштето на коронавирусот, и ако треба УЕФА нека ги елиминира, но тие нема да летаат за Италија. Тоа е официјалниот став на клубот, воедно бараат од УЕФА некое алтернативно решение.

„Нема да патуваме за Милано. Ако сакаат нека ни впишат службен пораз, нека не елиминираат, но Хетафе утре нема да игра со Интер во Милано“ изјави Ахел Торес.