Коронавирусот не само што направи вистински хаос во спортските настани во Македонија, туку и создаде паника меѓу играчите кои доаѓаат од надвор.

СПОРТМЕДИА дознава дека Американците кои настапуваат во прволигашките клубови по најновите мерки на Владата во обидот да се спречи ширењето на овој вирус, сакале да си заминат, побарале дозвола од клубовите да се вратат во САД.

Дел од екипите успеале да ги убедат своите членови да останат, дел и натаму се убедуваат иако нивните играчи веќе имаат резервирано билет за Америка, која пак забрани летови од Европа поточно од критичните земји.

КФСМ денеска излезе со известување дека се прекинуваат сите натпреварувања, продолжението на првенствата ќе биде дополнително познато, истото ќе зависи од состојбата со коронавирусот.