Дуелите во Лигата на Европа меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Базел, ќе се играат во Франкфурт. Вечерва на програмата е првиот од двата дуели, а вториот треба да биде идната недела.

Но и тој ќе се игра на стадионот на Ајнтрахт пред празни трибини, соопшти денеска тимот од Франкфурт.