Италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ пишува дека УЕФА наводно побарала од Интер и Рома да се откажат од натамошен настап во европските купови оваа сезона, за да можат „натпреварувањата да продолжат нормално“.

Како што пренесува весникот и двата италијански клуба ги одбиле ваквите барања од УЕФА.

Весникот тврди дека претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се надева дека ќе може нормално да ги продолжат своите натпреварувања за да стигне навреме со почетокот на планираното Еуро 2020. Тој наводно ги замолил италијанските тимови да се откажат од својата позиција во Лигата на Европа.

Подоцна италијанските клубови добиле уверување од УЕФА дека нема да бидат исклучени од Лигата на Европа.