По ППД Загреб и Мешков Брест завери место на фајнл-фор завршницата, откако и на втората четвртфинална средба беше подобар од Мотор Запорожје. Белорускиот тим на гостински терен славеше со убедливи 28-33.

Ракометарите на Мешков Брест уште по првото полувреме најавија дека оваа средба ќе заврши во нивна корист, на одморот заминаа со 11-15, па лесно го приведоа мечот.

Во полуфиналето на фајнл-фор завршницата тимот од Брест за противник ќе го има Веспрем, кој сигурно нема да дозволи изненадување на дуелот со Војводина.

Вардар пак на 15-ти ќе го потврди своето место за Задар, го пречекува Нексе, по првата средба македонскиот тим има позитива од еден гол.