Јужноамериканската конфедерација (Конмебол) ја замоли ФИФА да ги одложи квалификациите за Светскиот шампионат во 2022 година во Катар заради епидемијата на коронавирус.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Конмебол) сака квалификациите за СП 2020 година да бидат одложени како оние во зоната на Азија.

„Тимовите од Јужна Америка можеби нема да можат да сметаат на играчи што играат во Европа, од причина што овие, пристигнуваат од земји со висока стапка на зараза и мора да одат во карантин“ , напиша Конмебол до ФИФА.

Телото соопшти дека ова е став на 10-те земји членки (Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Перу, Уругвај и Венецуела).

Сите овие федерации „побараа од Конмебол да и достави барање на ФИФА за одложување на почетокот на квалификациите, со цел да се зачува здравјето на целото фудбалско семејство.

Овие квалификации треба да започнат од 26 до 28 март.