Нема да биде чудо доколку во текот на денешниот ден стигне известување за одложување на Премиер-лигата, едно од ретките натпреварувања кое не е стопирано поради коронавирус. Но, последните информации кои доаѓаат од оваа земја се загрижувачки.

Тројца фудбалери на Лестер имаат симптоми на коронавирус, засега не се откриваат нивните имиња.

„Тројцата играчи се изолирани, тие се надвор од тимот“, потврди менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс.

Лестер игра против Ватфорд во сабота, Роџерс вели дека нема биде фер доколку се одложи мечот, но секако на прво место е задравјето на сите.