Австрискио тим Ласк Линц тешко настрада на домашен терен од Манчестер Јунајтед. Иако требаше да биде спектакл, сепак, тој изостана затоа што мечот се играше без публика поради коронавирусот. Така на празниот стадион во Пашинг, избраниците на Оле Гунар Солскјер триумфираа со 0:5, и реваншот на „Олд Трафорд“ ќе биде само формалност. Игало во првиот дел погоди, а во вториот стрелаа Џејмс, Мата, Гринвуд и Переира за убедлив триумф.

Убедлив триумф оствари и Базел на гостувањето во Франкфурт со 0:3, и најави пласман во 1/4 финалето. Швајцарците триумфираа со головите на Кампо, Буа и Фрај. Инаку реваншот ќе се игра исто така во Франкфурт, но тоа нема да смени многу со оглед дека Базел се стекна со одлична предност.

Башакшехир дури во 88. минута успеа да го скрши отпорот на Копнехаген на мечот во Истанбул кој се играше со гледачи. Вишча во 88. минута од пенал успеа да погоди за вредна победа пред реваншот во Данска. Инаку и во статистиката доминираше турскиот тим, за разлика од Данците кои упатија само еден удар кон голот, премалку да се направи нешто повеќе.