Баер Леверкузен со победата од 1:3 над Ренџерс во Глазгов, направи огромен чекор кон пласманот во 1/4 финалето на Лигата на Европа. Хаверц и Арангуиз донесоа 0:2 предност, а Едмундсон намали на 1:2. Сепак, до крајот Бејли во 88. минута донесе добра предност пред реваншот во Германија.

Шахтјор со головите на Мораеш и Антонио, стигна до победа од 1:2 во дуелот со Волфсбург. Интересно е што видовме по еден промашен пенал на двете страни. Коваленко не реализраше за Шахтјор, додека Вегхорст не беше прецизен за Волфсбург. За „Волците“ Брукс беше стрелец.

Олимпијакос одигра 1:1 во дуелот со Вулверхемптон и покрај тоа што цели 60 минути Грците имаа играч помалку. Ел Араби донесе водство во 54. минута, а Нето во 67. израмни.