Наџи Шенсои не е повеќе тренер на Македонија ЃП. По вчерашниот пораз од Борец на домашен терен, „лавовите“ се решија да ја прекинат соработката.

Шенсои дојде само после неколку кола од почетокот на првенството, менувајќи го Александар Таневски на клупата кој се реши да си замине.

Минатата сезона Македонија ЃП играше во Европа, но во оваа сезона ќе се бори за излезот на меѓународна сцена, а блиску е и до долниот дел на табелата, па ако не почне да освојува бодови, може да биде и загрозен опстанокот.